Колку заработува Мараја Кери секоја година за нејзиниот божикен хит

Мараја Кери, во САД е позната и како „кралицата на Божик“ поради нејзиниот хит кој се изведува апсолутно насекаде кока ќе настапат божикните празници. Песната „All I Want for Christmas“ урива рекорди во продажбата и стриминзите секоја празнична сезона. Меѓутоа, сега се појавуваат и податоците за тоа колку пари Кери добива за овој хит.

Американската пејачка, продуцентка, актерка и претприемачка е активна со децении и исто толкав период е една од најуспешните пејачки на светот. Таа е една од 15-те најпродавани изведувачи во историјата на музиката, продавајќи повеќе од 200 милиони примероци од нејзините албуми ширум светот. Покрај тоа, таа е и втората најпродавана уметница на сите времиња, веднаш зад Мадона. Меѓутоа, Мараја Кери има повеќе песни кои беа број еден од која и да е друга пејачка во историјата на американските топ-листи.

Благодарејќи на тоа, нето вредноста на Мараја Кери се проценува на 350 милиони долари. А секоја година, таа заработува уште повеќе благодарејќи само на една песна. Минатата година е забележано огромно зголемување во однос на претходната година поради стриминг сервисите.

По објавувањето, нејзиниот хит заработил 60 милиони долари о хонорари (тантиеми), според проценките на магазинот Forbes. Сега Кери заработува околу 2,5 милиони долари годишно од авторскиот надомест врз основа на пресметката на списанието The Economist. Весникот The News York Post, пак, проценува дека оваа цифра е уште поголема, на 3 милиона долари.

На денот 13-ти декември, „ All I Want for Christmas Is You“ стана првата празнична песна воопшто којашто достигнала две милијарди стримови на платформата Spotify, Безвременската песна и во иднина ќе продолжи за заработува милиони, и е главната причина што Мараја Кери го носи прекарот „кралица на Божикот“.