Колона од возила на автопатот пред Гостивар кон Скопје

Бранот на туристи и посетители кои се враќаат од Охрид, Струга и Маврово овој викенд, предизвика забавено движење на возилата на десетина километри пред Гостивар. Сообраќајната полиција со физичко регулирање кај здуњска крстосница овозможуваат проток на сообраќајот по магистралата.

Колона од возила која се формира од над каменоломите во правец кон Гостивар се движи полека и според проценките на возачите до патарините им се потребни и по половина час. Протокот на возила по автопатот „Мајка Тереза“ од Гостивар кон Скопје се обезбедува со отворање на дополнителни кабини за наплата.

Од СВР Тетово информираат дека зголемениот број на возила што се јавува особено по завршувањето на викендот придонесува за повремени застои и движење во отежнати услови. За да се воведе подобар проток кај „Здуњската раскрсница“ се исклучени семафорите и сообраќајни полицајци пропуштаат возила со приоритет во одредени интервали.