Долги колони од возила и камиони се формирани на грчко-бугарсата граница, кај Промахонас, како последица на блокадите на земјодеците.
Според полициските проценки, повеќе од 800 камиони и 160 автомобили се заглавени на грчка територија, додека од другата страна на границата кај преминот Кулата во Бугарија, 1.000 камиони и 500 автомобили чекаат да ја преминат границата и да влезат во Грција.
Во меѓувреме, Бугарија повторно побара од Европската унија да помогне во отстранувањето на блокадите кај Промахонас.
– Секој има право да протестира, но тоа не значи дека треба да го крши правото на слободно движење на луѓе и стоки во рамките на ЕУ, изјави бугарскиот заменик-премиер Меглена Кунева, додавајќи дека транспортните компании од Бугарија трпат големи загуби од блокирањето на граничните премини.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, ја повика ЕУ да преземе мерки со цел нормализирање на сообраќајот меѓу Грција и Бугарија.