Сообраќајот на државните патишта низ земјава во средата вечерта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крушево и на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
Поради магла има намалена видливост од 20 до 30 метри кај село Гајре на патот кон Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На патиштата низ речните долини и клисурите е можна од појава на одрони, посебно на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.