Дваесет ичетири од 80-те нилски коњи кои талкаат на поранешниот ранч на колумбискиот нарко-бос Пабло Ескобар се стеризилирани поради „неконтролираното“ ширење на овој „инвазивен“ вид, објавија колумбиските власти.
Пред да биде ликвидиран во полициската операција во 1993 година, ексентричниот Ескобар купил повеќе видови егзотични животни за својот ранч, меѓу кои фламенга, жирафи, зебри и кенгури. По неговото убиство сите освен нилските коњи се продаден на зоолошки градини.
Ескопар купил само еден мажјак и една женка нилски коњ. Оставени биле да талкаат на неговиот имот „Хасиенда Наполес“, кој е претворен во тематски парк. Се сметало дека нилските коњи се претешки за транспорт кој е комплициран за префрлање во зоолошка градина, а од тогаш нивниот број повеќекратно се зголемил.
Нилските коњи биле успиени со стрелички, а потоа им бол деаден лекот „гонакон“, се наведува во билтенот на регионалната организација за заштита на природната средина Cornare. Претходно биле стерилизирани 11 нилски коња со традиционалните методи.
„Тоа е контрацептив кој е ефикасен и за мажјаците и за женките и е поевтино до хируршка стерилизација. Меѓутоа, тоа е компликувани бидејќи стручњаците предлагаат давање три дози“, се додава во соопштението на Cornare.
Стручњаците веруваат дека стадото нилски коња на имотот на Ескобар е најголемото надвор од Африка.
„Присуството на овие животни во екосистем кој не е нивен има псоледици како што се истиснување на локалната фауна“, вели Давид Есчевери, стручњак на Cornare. Додава дека нилските коњи, исто така, се одговорни за „промената на екосистемот“ и нападите врз локалните рибари.
Ескобар, според деловниот магазин Forbes, своевремено бил еден од најбогатите луѓе на светот, а богаството го стекнал благодарејќи на трговијата со кокаин. Но и речиси три децении по неговата ликвидација, Колумбија и натаму е најголемиот прозиведувач на кокаин во светот, а повеќето од дрогат се криумчари во САД и во Европа.