Колумбија го повика амбасадорот на Израел да ја напушти земјата

Колумбискиот министер за надворешни работи Алваро Лејва го повика во понеделникот изралскиот амабсадор во неговата земја „да се извини и да си замине“, по реакцијата на изралеската дипломатија на коментарите на колумбискиот претседател за судирит меѓу Израел и палестински Хамас.

Лејва на социјалната мрежа Х ја нарече „неразумен простотилак“ изјавата на амабсадорот Галиј Даган за левичарскиот претседател Густаво Петро кој по нападите на Хамас врз Израел од 7-ми октоври објави бројни пораки ги споредувајќи ги израелските одмазнички напади во Појасот Газа со нацистичкиот прогон на Евреите.

Претседателските објави на социјалните мрежи поттикнаа остра препирка со израелскиот амбасадор.

Оваа реакција на Лејва доаѓа ден откако Израел, голем добавувач на оружје за колумбиската војска, објави дека го „прекинува извозот“ во оваа јужноамериканска земја по објавите на претседателот Петро кои се оценети како „непријателски и антисемитски“.

Откако израелскиот министер за одбрана Јоав Галант минатата седмица објави „целосна блокада“ на Појасот Газа и по изјавите во коишто Палестинците ги нарече „животни“, Петро, меѓу другото, напиша: „Така нацистите зборуваа за Евреите. Демократските народи не можат да дозволат нацизмот да се врати во меѓународната политика“.