Колумбија и бунтовниците на ELN го продолжија примирјето за шест месеци

Колумбиската влада и бунтовниците на Ослободителната национална армија (ELN) ќе го продолжат примирјето за уште шест месеци, соопштија двете страни. Првите шест месеци од примирјето истекоа минатата седмица, а потоа беше продолжено за пет дена.

Преговарачите од двете страни, кои се состанаа во кубанската престолнина Хавана, посочија дека билатералниот, националниот и привремениот прекин на огнот (BNTFC) ќе трае 180 дена.

ELN одлучи „еднострано и привремено да ги суспендира економските притворања, обврска што ќе ја следи Механизмот за следење и верификација“, се вели во соопштението објавено околу полноќ.

Иако ELN ги прекина киднапирањата во текот на преговорите, неговите водачи побараа од владата финансирање за нивните борци, што е едно прашање во преговорите.

Владата на претседателот Густаво Петр ги обнови мировните преговори со ELN во 2022 година, како дел од политиката на „тотален мир“ за ставање крај на шестдеценискиот конфликт во јужноамериканската земја, во кој загинаа повеќе од 450.000 луѓе. Досега, владата на Петер одржа шест рунди мировни преговори со ELN. Овој процес е поддржан од Мексико, Норвешка, Венецуела, Куба, Бразил и Чиле, кои учествуваат во преговорите како земји гаранти.

Колумбискиот претседател преговара и со Estado Mayor Central (EMC), најголемата вооружена група поранешни бунтовници на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARK).

Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional – ELN) се проценува дека во моментов брои меѓу 2.500 и 3.000 борци. Оваа леворадикална терористичка организација е, исто така, формирана во 1964 година како и далеку помоќната Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC) која по повеќе од половина век склучи договор со владата во Богота. ELN e формирана од група студенти кои враќајќи се од студиите на Куба, сакале во Колумбија да го увезат револуционерниот модел на „Островот на Слободата”.

Движењето го иницира студентскиот лидер Фабио Васкез, а потоа свештеникот Камило Торез, познат универзитетски професор и поборник на еднаквоста и доследен марксист, кој критички настроен кон социјалната нерамноправност во Колумбија подоцна се приклучува како иден поборник на теологијата на ослободувањето за спроведување на идеите во практиката преку револуционерна борба. Тој загинал во својата прва борбена акција во напад врз патрола и стана симбол за организацијата, но и за други свештеници кои го следеа неговиот пример.

По бројните неуспеси и порази, во почетокот на 1970-те отецот Мануел Перез стана еден од челниците на ELN и остана на неговото чело до смртта во 1998 година. Перез се смета основоположник на конечната идеологија, којашто е мешавина од марксизам, геваризам и „теологија на ослободувањето”. Нејзина цел е да се надмине социјалната неправда, сиромаштијата и политичката нестабилност во традициите на христијанството и марксизмот со користење на методи на герилската војна. Во периодот меѓу 1973 и 1974 година на ELN ѝ беше нанесен тежок удар, но движењето сепак успеа да опстане.

И ELN учествуваше во разговорите за приклучување кон мировните преговори коишто до 1998 до 2002 година ги водеше владата на Андрес Пастрана со FARC, но владината иницијатива за формирање демилитаризирана зона во јужниот дел од провинцијата Боливар за ELN тогаш беше запрена под притисокот на ултрадесничарската паравојска Обединета самоодбрана на Колумбија (AUC).