Колумбија и Венецуела ја отворија границата по годините тензии

Колумбија и Венецуела ја отворија во понеделникот заедничката граница по годините тензии и по неодамнешното обновување на дипломатските односни.

„Ова е историски ден за земјата, регионот и за Америка воопшто“, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро.

Првиот товарен камион го мина мостот „Симон Боливар“ од Колумбија во соседната Венецуела првпат по седум години. Комерцијалните летови меѓу двете земји, исто така, ќе бидат обновени.

Богота и Каракас неодамна ги обновија дипломатските односи, а до постепеното приближување на двете јужноамерикански држави дојде по изборот на Густаво Петро на 19-ти јуни за првиот левичарски претседател во поновата колумбиска историја.

Границата првпат беше затворена во 2015 година поради зголемувањето на криумчарењето на евтини стоки до Венецуела во Колумбија и извештаите за борби меѓу венецуелската војска и вооружените колумбиски криумчарски банди.

Тензиите меѓу двете земји се разгореа во 2019 година, кога колумбиската влада со помош на САД, се обиде да испрати камиони со воена помош за венецуелската опозиција предводена од Хуан Гваидо кој по сигнал од Вашингтон се самопрогласи за привремен венецуелски претседател, идеја која не заживеа.

Венецуелскиот претседателот Николас Мадуро повеќепати ја обвинуваше Колумбија дека подготвува диверзантски групи и платеници за акции за дестабилизирање на неговата земја, па дури и за планирање атентат врз него.