Колумбија: 78-годишен старец шверцувал кокаин во желудник

Колумбиската полиција вчера привела старец кој се обидел да прокруимчари кокаин во својот желудник.

Според медиумите, 78-годишниот Шпанец бил приведен на аеродромот во Богота при обид да прокруимчари дрога. Полицијата соопштила дека тоа е најстариот шверцер кој некогаш се обидел да пренесе кокаин.

Хозе Мартинез Моза поради своето нервозно однесување предизвикал сомнеж кај полицајците.

Рентген снимката покажа дека тој во своето тело имал капсула наполнета со 400 грама кокаин.

Тој е сега во затвор во Богата, а капсулата, поради можни компликации, му била извадена хируршки.