![argentina kolumbija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/argentina-kolumbija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Иако во првото повлувреме целосно доминираа, фудбалерите на Колумбија во второто полувреме усепаја да ја шокираат Аргентина со 2:0 во периодот кога беше подобра на синоќешниот натпревар од првиот натпревар од Групата Б од јужноаемриканското првенство одигран пред 35.000 гледачи во Салвадор, на истокот од Бразил.
Водечкиот погодок за Колумија во 71 минута со прецизен у многу силен удар од левата страна на работ од казнениот простор го постигна Роџер Мартинез кој во играта влезе во 14 минута како замена за повредениот Луис Муриел. Крајните 2:0 ги постигна уште еден резервен играч, Дуван Запата, кој во игра влезе во 81 минута наместо Фалкао а пет минути подоцна ја затресе мрежата на Ларма.
Иако во второто полувреме Аргентина беше поопасна, имаше поголем посед на топката и создаваше повеќе шанси за погодок, избраниците на Лионел Скалони не успеаја да ја затресат колумбиската мрежа, во прв ред благодарејќи на расположениот голман Давид Оспина.
Во истата група се и Парагвај и Катар чиј дуел е вечерва во 21 часот по средноевропско време. Првите две репрезентации од сите три групи ќе изборат место во четвртфиналето.