Иако даде се од себе и напорно работеше со цел да се рехабилитира од незгодната повреда која ја заработи пред пет месеци, најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Колумбија, Радамел Фалкао престојниот Мундијал во Бразил ќе го следи од пред малите телевизиски екрани.
Хозе Пекерман, селекторот на Колумбија го објави конечниот список со 23-фудбалери, но во истиот немаше место за напаѓачот на Монако.
“Ова е многу тажен дена за мене, за моите фудбалери и за најверните фанови на Колумбија. Морам да кажам дека Амаранто Переира, Луис Фернандо Муриел и Радамел Фалкао нема да настапат на престојниот Мундијал во Бразил. Переира и Фалкао поради незгодните повреди, а Муриел поради техничка одлука. Репрезентативниот доктор на Колумбија ми кажа дека сега не е вистинскиот момент за да Фалкао се врати на фудбалскиот терен”, изјави Пекерман.
Репрезентацијата на Колумбија ќе се натпреварува во групата “Ц”, каде за противник ги има селекциите на Грција, Јапонија и Брегот на Слоновата Коска.
СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Оспина (Ница), Мондрагон (Депортиво К.), Варгас (Санта Фе). ОДБРАНА: Ѕунига (Наполи), Армеро (Наполи), Ариас (ПСВ), Баланта (Ривер Плата), Јепес (Аталанта), Запата (Милан), Валдез (Сан Лорензо). СРЕДЕН РЕД: Санчез (Елче), Агилар (Тулуз), Меија (Национал), Гуарин (Интер), Гуадрадо (Фиорентина), Родригез (Монако), Куинтеро (Порто), Рамирез (Монаркас), Ибарбо (Калјари). НАПАД: Мартинез (Порто), Рамос (Борусија Д.), Гутиерез (Ривер Плата), Бака (Севилја).