Колумбија: Запленети седум тони кокаин

Колумбиските безбедносни служби запленија седум тони кокаин во специјална операција во пристаништето Картегени, соопшти министерот за одбрана Хуан Карлос Пинзон. Тоа е најголема заплена на дрога во Колумбија во последните осум години.

„Тоа беше совршена операција на полицијата, морнарицата и канцеларијата на државното обвинителство и можеби најзначајната заплена во историјата на Картагена. Дрогата требаше да биде испратена во Ротердан, но е запленета пред да исплови,“ изјави Пинзон.

Полицијата соопшти дека дрогата била сокриена во кутии со ананас. Операцијата била спроведена во последните два дена, пренесува „Гласот на Русија“.

Од почетокот на 2014 година, колумбиските власти запленија околу 30 тони кокаин, од кои 13 тони во пристаништата. Последната голема операција е извршена кон крајот на март и резултираше со заплена на два тона дрога во пристаништето Санта Марта.