Колумбиската полиција се сомнева дека убиството на хаитскиот претседател го нарачал поранешен функционер

Поранешниот функционер во хаитското министерство за правосудство Жозеф Феликс Бадио е можниот нарачател на убиството на претседателот на Хаити, Жованел Моисе, изјави во петокот пефот на колумбиската полиција врз основа на информациите од истрагата која ја водат колумбиските и хаитските иследници.

Претходно во неделата колумбискиот весник Semana објавио дека шефот на службата за обезбедување на сега убиениот претседател на Хаити, Димитри Ерар, честопати патувал во Колумбија а последниот пат месец иполовина пред нападот на и според весникот престојуваањата на Ерар во главниот град Богота се совпаѓаат со периодот во кој биле договорени последните поединости за злосторството. Според весникот, Ерар се упатил на 22-ри мај во Богота. Претходно уште неколкупати летал до Еквадор, секогаш со прелетување во колумбиската престолнина.

Претседателот на Хаити, Жованел Моисе на 7-ми јули беше убиен во напад на група вооружени лица со јуришни пушки во неговата резиденција близу главниот град Порт-о-Пренс. Интригантно е што во нападот ноќта во претседателската резиденција Моисе бил погоден со 12 куршуми, тешко е ранета неговата сопруга, но ниеден припадник на нивното обезбедување не бил ниту ранет.

Според најновите информации, според истрагата којашто покрај Интерпол ја водат и властите на Хаити и Интерпол, се чини дека налогот за убиство Жозеф Феликс Бадио го дал три дена пред нападот, изјави во петокот генералот Хорхе Варгас во аудио порака којашто колумбиската полиција им ја испратила на медиумите.

Агенцијата Reuters објави дека не успеала да стапи во контакт со Бадиа и оти не е јасно каде тој се наоѓа во моментов.

Според генералот Варгас, иследниците утврдиле дека Бадио им наредил на поранешните колумбиски војници Дубернеј Кападора и Герман Риверда да го убија Моисе.

„Неколку дена претходно, се чини три, Жозеф Феликс Бадио, кој бил функционер на хаитското министерство за правосудство кој во еднициата за борба против корупцијата работел со разузнавачката служба, на Кападор и Ривер им рекол дека мора да го убијат претседателот на Хаити“, рекол во пораката Варгас.

Варгас во аудио-пораката не наведува докази ниту поединости за тоа од каде иследниците ги добиле информациите.

Кападор е убиен во полициска акција на Хаити по атентатот, а Ривера е уапсен во истата акција.

Хаитската полиција претходно седмицава објави дека е уапсен осомничениот организатор на убиството на претседателот Жованел Моисе. Уапсен е хаитски лекар кој живее во американската сојузна држава Флорида, соопшти полицискиот наредник Леон Шарлс на прес-конференција. Додаде дека осомничените му се јавиа по атенетот.

Лекарот е третиот осомничен американски државјанин со хаитско потекло, и 21-то лице севкупно, кое е притворено како осомничен за случајот, а засега се смета дека е „мозокот“ на целата операција.

Другите двајца осомничени американски државјани од хаитско птеколо, исто така живеат на Флорида, оддалечена илјада километри од Хаити.

Другите 18 осомничени кои се во притвор се Колумбијци, Полицијата соопшти дека вкупно 26 колумбиски платеници, за кое колумбиското министерство за одбрана потвди дека се поранешни припадници на војската, биле вклучени во убиството на претседателот, а тројца од нив се меѓу седуммината убиени во полициските операции.

Моисе, кој на претседателската должност беше од 2017 година, беше многу непопуларен во неговата земја. Беше обвинуван за корупција, врски со свирепи банди и автократски тенденции.

По неговото убиство оваа осиромашена карипска земја ја зафати борбата за власт и моќ. Двајца функционери веќе се самопрогласија за привремени премиери, а Сенатот во петокот го избра својот претседател како привремен наследник на Моисе. Претседателските и парламентарните избори на Хаити се закажани редовно во септември, и досега нема најава за нивно одложување.