Колумбиските бунтовници мора да исплатат 36 милиони долари поради грабнување претседателска кандидатка

Американскиот суд им наложи на поранешните водачи на колумбиската левичарска паравоена организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC) да исплатат отштета од 36 милиони долари поради грабнување на претседателската кандидатка Ингрид Бетанкур која беше во заточение од 2002 до 2008 година.

Според пресудата на сојузниот суд во американската сојузна држава Пенсилванија од 4-ти септември, која за јавноста беше достапна во четвртокот, Лоренс Делоа, син од првиот брак на Ингрид Бетанкур со Французинот Фабрис Делоа, има право на 12 милиони долари отштета и би можел да добие трипати повеќе кога ќе се додадат надоместоците за претрпена болка и судските трошоци. Американскиот државјанин Делоа, кој е познат во јавнсота и како Лоренцо, бил тинејџер кога FARC ја грабнале неговата мајка.

Делоа тужеше 14 поранешни водачи на FARC во јуни 2018 година, барајќи отштета согласно Законот за сузбивање на тероризмот според којшто жртвите на тероризмот можат да бараат отштета пред американските сојузни судови. Неговите адвокати од компанијата „Scarinci Hollenbeck“ вчера објавија во соопштение дека судијата Метју Бран одредил дека вкупно на Делоа му припаѓаат „повеќе од 36 милиони долари“.

Судот ја земал предвид изјавата на Делоа дека грабнувањето „го уништиле неговото чувство за доверба, верба во животот и другите, и ја оштетила неговата можност да покаже приврзаноста и да биде сакан“. Тој во истата изјава вели дека FARC, исто така, го ставил под „психолошка тортура“, како и дека бил емоционално осамен затоа што шест години ја немало неговата мајка.

Бунтовниците од FARC на 23-ти февруари 2002 година га грабнаа поранешната колумбиска сенаторка Ингрди Бетанкур, која има и француско државјанство, во текот на кампањата за претседателските избори. Бетанкур денес е 60-годишна, а нејзиниот син во време на грабнувањето имал 13 години. Колумбиските владини воени сили ја ослободија Бетанкур шест години подоцна, на 2-ри јули 2009 година.

Судијата Бран истакнал во пресудата дека на Делоа „не му било лесно повторно да се поврзе со мајката“, како и дека и натаму има емоционални проблеми поради тоа грабнување. Самата Бетанкур со години бараше компензација поради психичките проблеми предизвикани од грабнувањето.

Со мировниот договор меѓу FARC и колумниската влада од ноември 2016 година, бутовничкото движење стана легална политичка партија, што доведе до драматично намалување на насилствата во Колумбија, икао повеќе помали вооружени левичарски групации продолжуваат да дејствуваат против владата, меѓу кои се и дисиденти од FARC. Нивниот револт е поради непочитувањето на договорот по неколку години движењето да може да се вклучи во леалниот политички спектар во земјата. Американскиот Стејт департмент во ноември 2021 година го отстрани FARC од листата терористички организации, но не го промени ставот за кривичен прогон на поранешните водачи на движењето.