Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Комјунити Шилд, оносно англискиот Суперкуп, откако на натпреварот игран на лондонски „Вембли“ го совладаа градскиот ривал Манчестер Јунајтед на пенали со резултат 8:7 (1:1)
Трагедичари кај Манчестер Јунајтед, освојувачот на ФА Купот, беа Санчо и Еванс кои не ги реализираа ударите од белата точка. Кај Сити само Бернардо Силва не постигна гол, додека Аканџи го реализираше клучниот пенал за конечната победа.
На тој начин Манчестер Сити го освои седмиот англиски Суперкуп во историјата, додека Манчестер Јунајтед сѐ уште е рекордер со 21 титула победник на Комјунити Шилд. Арсенал славеше седумнаесет пати, а Ливерпул шеснаесет пати.
Манчестер Јунајтед поведе во 82. минута. Бруно Фернандеш извлече полуконтра, го вработи Гарначо а аргентинскиот фудбалер влезе во шеснаесетникот на противникот и погоди прецизно од 12-13 метри за 1:0. Сепак, Јунајтед не издржа до крајот да сочува предноста, туку Манчестер Сити израмни во 89. минута.
Добро нафрлената топка ја следеше и Бернардо Силва, кој се постави пред Пелистри и погоди со глава за 1:1. Тој гол го одведе Сити до пенал-рулетот од кој излезе како победник.