Францускиот фудбалски репрезентативец Кинглси Коман го продолжи својот договор со минхенски Баерн до 2027 година, објавија во средата германските медиуми.
Коман во Баерн дојде во 2015 година, на 19-годишна возраст како позајмен играч од Јувентус и досегашниот договор го врзуваше со баварскиот великан до 2023 година, но сега се обврзал на верноста на уште четири години.
Според германските медиуми, Французинот кој кариерата ја започна во Пари Сен Жермен би требало годишно да добива по 17 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од сумата којашто ја добиваше досега.
Коман во досегашните 148 настапи во Бундеслигата постина 28 погодоци, а во Лигата на шампионите има остварување од 12 голови на 40 натпревари.