Вработувањеот на Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа во Владата на Република Македонија, за што надлежните ветија официјална потврда в понеделник, најавува голем скандал.
Од друга страна, поддржувачите на евентуално ваквата владина одлука, го поздравуваат чекорот на премиерот Зоран Заев.
Хади Османи од СДСМ, на фејсбук го честиташе вработувањето на Команднт Хоџа на „новата функција во владата“
После многу жртвување за време на конфликтот во 2001
година и после многуте предизвици со кои се соочи после конфликтот, за Џезаир Шаќири стигна правдата и заслужената награда. Командант Хоџа сега е командант на владата, слуга на народот и на граѓаните на Македонија. Мојот почитуван пријател на крај ја победи и последната битка против диктатурата на Никола Груевски, и благодарение на двајцата мои пријатели Зоран Заев и Џеват Исени, ја доби и заслужената награда и задача. Со оваа влада раководат луѓето кои заслужуваат и знаат да ги ценат оние кои заслужуваат, напиша тој.