Главниот командат на американската војска генералот Марк Мили телефонски разговарал со началникот на генералштабот на руските сили, генерал Валериј Герасимо, објави Пентагон, што би бил првиот нивен разговор, барем прв потврден за јавноста, од почетокот на руската воена интеврвенција во Украина.
„Воените челници разговараа за неколку прашања во врска со безбедноста и се договорија дека линиите за комуникација ќе останат отворени. Во согласност со досегашната практика, поединостите од нивниот разговор ќе останат тајни“, додава портпаролот на генерал Мили.
Во известувањето на американската армија не се споменати никакви конкретни прашања за коишто било дискутирани, забележува агенцијата Reuters.
Руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на руското министерство за одбрана, објави дека двајцата воени челници разговарале за прашањата од „заеднички интерес“, вклучително и за Украина.
Телефонскиот разговор е остварен откако американскиот министер за одбрана Лојд Остин разговараше минатата седмица со својот руски колега по должност Сергеј Шојгу, кога беше објавено дека челникот на Пентагон повикал на итен прекин на огнот во Украина.
САД и Русија востпоставија посебна телефонска линија кон крајот на минатата година, кога Вашингтон и НАТО го одбија нацрт-договорт на Москва за неширење на Алијансата со нови членки во близина на руските граници, а Русија се повлече од Советот НАТО-Русија откако во Брисел беа откажани акредитациите на десетина руски дипломати во седиштето на Северноатлантскиот сојуз. Тоа претходеше на украинската војна, а ткн „црвен телефон за деескалација“ се наоѓа во седиштето на Командата на американските сили во Европа во германски Штутгарт.