Врховниот командант на иранските сили Кудс, Есмаил Каани, кој отпатува во Либан по убиството на политичкиот лидер на тамошното шиитско движење Хезболах, Саид Хасан Насрала, е во „жив и здрав“, изјави во понеделникот заменик-командантот на елитните сили на иранската Револуционерна гарда, Ирај Масџеди, откако двајца високи ирански безбедносни извори во неделата наводно за Reuters изјавиле дека тој не стапил во контакт по минатонеделното и израелско бомбрдирање на Бејрут.
„Тој е во добра здравствена состојба и ги извршува своите активности. Некои бараат од нас да дадеме изјава… нема потреба за тоа“, изјавил Масџеди, цитиран од иранските државни медиуми во врска судбината на Каани.
Иранската студентска новинска агенција ISNA објави дека пораката од Каани била пренесена на конференцијата за солидарност со палестинските деца одржана во понеделникот во Техеран, додавајќи дека командантот не можел да присуствува „поради тоа што бил на уште еден важен состанок“.
Еден од неименуваните функционери изјавил дека Каани бил во јужните предградија на Бејрут за време на нападот кој наводно бил насочен кон високиот функционер на Хезболах, Хашем Сафиедин, но не се сретнал со него. Сафиедин се смета за веројатен наследник на Насрала, кој беше убиен во израелски напад на 27-ми септември.
Ирански официјален претставник изјавил дека Иран и Хезболах не успеале да стапат во контакт со Каани, шефот на странското воено разузнавање на иранската Револуционерна гарда односно силите Кудс. Соединетите држави го убија неговиот претходник Касем Сулејмани во напад со беспилотно летало на меѓународниот аеродром во ирачката престолнина Багдад во декември 2020 година.
Силите Кудс, прекуморскиот гранок на иранската Револуционерна гарда, ги надгледуваат односите со милитантните сојузници на Техеран низ Блискиот исток, како што е Хезболах.
Командантот на иранската Револуционерна гарда, бригадниот генерал Абас Нилфорушан, беше убиен заедно со Насрала во неговиот бункер кога израелски бомби го погодија на 27-ми септември.