
Командантот на полските вооружени сили Јарослав Мика е позитивен на тест за новиот коронавирус. Анализата е правена откако тој се вратил од конференција во Германија, соопшти полското Министерство за одбрана.
Мика учествувал на конференција на 6 март во Визбаден за стратешки комуникации.
Американската армија вчера соопшти дека началникот на копнените сили на САД во Европа, генерал Кристофер Каволи и неколкумина од неговиот штаб можно е да биле изложени на контакт со коронавирус за време на учество на конференција. Каволи присуствувал на истата конференција каде бил и Мика.