Командантот на руската Црноморска флота и еден од највиските офицери на руската воена морнарица, контрадмиралот Виктор Соколов е снимен како во вторникот учествува во видоеконференција, ден откако украинските специјални сили тврдеа дека го убиле.
На снимките што ги објави руското Министерство за одбрана, Соколов е прикажан како очигледно учествува на видео конференција со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и други врвни адмирали и армиски началници.
Претходно во вторникот на редовниот брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ, портпаролот Дмитриј Песков на прашање за наводната смрт на Соколов упати прашањето да се упати до министерството кусо одговарајќи „Нема информации за таа тема од Министерството за одбрана“.
Украинската војска во понеделникот тврдеше дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад врз нејзиното седиште што се случи во петокот во Севастопол, на полуостровот Крим.
„Триесет и четири офицери, вклучувајќи го и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по ударот“, објавија украинските специјални сили на Telegram, без да наведе никакви докази и без да го навед дури и неговото име.
„Повредени се уште сто и пет лица. Зградата на штабот не е поправлива“, врди истиот извор.
Агенцијата AFP пренесувајќи ја весто истакна дека не може да ги потврди овие тврдења. Исто така, за ова тврдење на Киев не се огласија ниту западните разузнавачки служби, во прв ред на британското Министерство за одбрана, кое на дневна основа известува за состојбите на фронтот во Украина.
Русија во петокот извести дека само еден војник се води за исчезнат откако во напад во кој е оштетена зградата на старото седиштето на руската Црноморска флота. Севестопол е историско седиште на оваа поморска формација на Русија со одреден степен на екстериторијалност.