Командантот на силите на САД во Европа сомнителен на коронавирусот

Службата за односи со јавноста на американската Армија (копнените сили), соопшти дека командантот на силите на Соединетите држави во Европа, Кристофер Каволи, можеби е заразен со новиот тип коронавирус.

Ваквата информација ноќта во понеделникот ја пренесе агенцијата Reuters, според чиишто информации постојат сомневања дека американскиот генерал бил изложен на Covid-19 во текот на неодманешна конференција.

„Поради претпазливост и според порепорачаните протоколи, тој (генералот Каволи) и другите потенцијално погодени лица се во самоизолација и работата на оддалеченоста за да ги исполнат своите командни должности и одговорности“, навел во писмена изјава секретарот на копнените војски, Рајан Меккарти.

Според информациите на американските медиуми, заразата можеби се случија минатата седмица, кога Каволи присуствувал на воена конференција во Германија на којашто учествувале и командантите на копнените војски во покраината Визбаден.

„Здравјето и благосостојбата на нашите војници, семејства, цивилите, сојузниците и партнерите, е клучниот приоритет. Продолжуваме да им ги даваме најновите информации за соодветните мерки за спречување потенцијалното ширење на коронавирусот“, додава Меккарти.

Армијата спроведува процени на ситуацијата на дневна основа, како и консултации со медицински стручњаци, меѓу другото додава Меккарти.

Во продолжение на неговата изјава се истакнува дека армискиот истражувачки институт и Командата за медицински истражувања и развој при армијата на САД „работат на истражувачки напори за контрола и спречување на вирусот“.

Минатиот четврток Пентагон соопшти дека американските воени истражувачи работат на развивање вакцина за коронавирусот. Во тек е првата фаза од тестирањето, која вклучува испитувања врз лабораториски глувци, а следниот чекор е тестирање на вакцината на поголеми опитни животни и примати. Не е јасно коа ќе започнат тестовите врз луѓе, но во Пентагон сметаат дека најраниот период за создавање вакцина против Covid-19 би бил меѓу 12 и 18 месеци.