Командир на полициска станица во Скопје сексуално вознемирувал полицајка

Командир од полициската станица во скопска Гази Баба е пријавен за повеќекратно сексуално вознемирување и закани кон негова колешка, а таквото негово однесување во минатото го пријавиле уште две полициски службенички, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи.

„Дојди кај мене во канцеларија да ти кажам нешто“, со оваа порака командирот на ПС Гази Баба, Сашо Велковски, се обраќал на својта колешка која се противела на интимнocт со него. Заканувачот се заканувал со „Оди си сега, гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто не можеш да замислиш што ќе ти направам и кој сум јас“, покажуваат документите објавени во медиумите.

Со доаѓањето на новиот министер за полиција Наќе Чулев и новиот началник на СВР Скопје, случајот е расчистен. Командирот на Гази Баба е суспендиран, а случајот предаден на Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримина

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје по добиено известување за сексуално вознемирување, ги извршило потребните проверки и изврши службени разговори со инволвираните лица во случајот при што констатираше дека 49-годишниот С.В, на должноста командир на полициската станица од општа надлежност Гази Баба во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019 искористувајќи ја позицијата командир на полициска станица, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите.

При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот, но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка.

Воедно е констатирано дека на 30.05.2019 С.В., командир на Гази Баба, не постапил согласно планот за контрола на службите во ПСОН Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка во која ќе ги образложи причините поради кои не е постапено. Истиот ден командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во селото Брњарци каде се задржал неколку часа.

Со овие дејствија С.В. како командир на Полициската станица Гази Баба сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, согласно одредбите од член  208 ст. 1 точка 3,4,10 и 14 од Колективниот договор на МВР за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката. Истовремено до ОЈО за ГОКК е доставено барање за координација за натамошно постапување.