Комбе прегази четиригодишно дете во Кичево

Четиригодишно дете е тешко повредено откако вчера утрината било прегазено од комбе на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево.

Од полицијата информираат дека во момчето удрило комбе „фолксваген крафтер“ управувано од 22-годишниот Д.А. од Кичево.

Детето со тешки повреди било пренесено во медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлено во охридската болница „Св.Еразмо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.