Велешанка била тешко повредена откако во неа удрило комби, вчера во Велес, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 8 часот на улицата Благој Ѓорев. Тогаш товарно моторно возило „фиат дукато“ со винички регистерски таблици управувано од К.П.(60) удрило во В.Ј.(73).
Таа била пренесена во Јавната здравствена установа во Велес каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.