Комбинацијата од три антивирусни лека ветувачка при умерена форма на Covid-19

(KEYSTONE/AP Photo/Anat Givon)

Комбинацијата на три антивирусни лекови придонел за ублажување на симптоми кај заболени со блага до умерена форма на инфекција со Covid-19 и во кратко време го намалила количеството на вирусот во нивниот организам, покажува истражувањето на научниците од Хонгконг чии резултати се објавени во научното списание Lancet.

Станува збор за брзо истражување со коешто биле опфатени 127 пациенти, а научниците го споредувале ефектот од лековите со помош на контролна група пациенти. На една група ѝ е давана комбинација од три лека: локот за лекување на ХИВ – „лопинавир-ритонавир“, лекот „рибавирин“ за терапија на хепатитис и „бета интерферон“ со кој се лекува мултипла склероза. Контролната група пациенти го добивала само лекот за ХИВ.

Резултатите од истражувањето покажале дека во однос на пациентите од контролната група кај коишто вирусот повеќе не можело да се открие во рок од 7 до 12 дена од почетокот на терапијата, во групата пациенти кои ја добивала комбинацијата од трите лека вирусот „исчезнал“, односно не можел да се детектира и пет дена порано.

„Истражувањето укажува на тоа дека со раното лекување на благата до умерена форма на Covdi-19 со комбинацијата на трите антивирусни лекови може брзо да се сузбие количеството на вирусот во организамот на пациентот, може да ги ублажи симптомите како и да го намали ризикот од зараза за здравствените работници“, вели Квок-Јунг Јуен, професор од Универзитетот во Хонгонг и еден од учесниците во истражувањето.

Појаснува дека смета оти намалениот ризик од зараза на здравствените работници веројатно е последица од ефектот на комбинираниот лек за намалувањето на количеството на вирусот кој може да се шири.

Во рамките на студијата сите пациенти добивале сандардна болничка нега во согласност со потребите. На некои им била потребна дијализа, на други, пак, респиратори, а на некои антибиотици или кортикостероиди.

Квок-Јунг Јуен разултатите ги смета за „охрабрувачки“, но истакнува дека е потребно истражувањето на ефектот од дејствувањето на тројниот лек да се спроведе на поголем број пациенти и на лица со тешки форми на Covid-19.

И независни експерти овие резулатите ги сметаат за многу позитивни, но велат дека ќе биде потребно да се спроведат подетални истражувања на поголем број испитаници.

„Ваквите резултати, без сомнение, упатуваат на оправданото вклучувње на ‘бета интерферон’ на листата лекови со ветувачки исход во лекувањето на заволените од Covid-19 во натамошни рандомизирани испитување“, коментира Стивен Еванс, професор по фармакологија на Лондонскиот колеџ за хигиена и тропска медицина.

Додава дека долгогодишното лекување на вирусото на хуманда имунодефициенција (ХИВ) кој ја предизвикува СИДА-та покажала дека оваа болест најефикасно се лекува со комбинација на различни лекови, „што би можело да биде случај и со Covid-19“.