Комбинираниот тим на Баерн (М) голема пречка за Аугсбург

Премиерниот натпревар од 29. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу екипите на Хамбургер и Баер од Леверкузен, заврши со минимален, но злато вреден триумф на домаќинот од 2:1.

Со освоените три бода, фудбалерите на Хамбургер си ги зголемија и така малите шанси за опастанок во елитното друштво, додека гостинот направи уште еден голем чекор но во погрешната насока кога е во прашање борбата за четвртата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

И покрај најавата дека ќе одмори неколку стандардни првотимци и дека дуелот од Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед има приоритет, предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола сигурно ќе состави тим кој ќе слави во денешниот дуел против локалниот ривал, Аугсбург.

Од сите саботни натпревари, убедливо најголема незивесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на пресметката помеѓу екипите на Борусија од Дортмунд и Волфсбург.
Обврска да забележат позитивен резултат на незгодното гостување во Бремен имаат фудбалерите на Шалке.

Денеска на програмата: Аугсбург – Баерн М., Ајнтрахт Ф. – Мајнц, Нирнберг – Борусија М., Штутгарт – Фрајбург, Вердер – Шалке, Борусија Д. – Волфсбург.