![slavenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/slavenski.jpg?resize=691%2C513&ssl=1)
Факултетот за драмски уметности денеска напладне ќе одржи комеморација за нивниот професор, режисерот Златко Славенски, кој ненадејно почина во понеделникот.
Славенски е роден во 1966 година во Скопје. На крајот на 1980-тите студирал филмска режија во Лондон на London International Film School (LIFS), но поради стопирање на државната стипендија во период кога почнал распадот на СФРЈ го прекинал студирањето и се вратил во Македонија. Се запишал на ФДУ на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорите Слободан Унковски и Столе Попов и дипломирал во 1994, а една година претходно ги завршил студиите и дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Во 1997 се вработил на ФДУ како помлад асистент, а во 2016 година беше избран во звање редовен професор.
Златко Славенски е режисер на голем број театарски проекти: „Безљубни“; „Сината птица“; „Инфинити“ „Кафкаски круг со креда“; „Соларис“; „Супернова“; „Бесови“; „Визија“; „Времеплов“; „И коњите ги убиваат, зарем не?“; „Побрзи од светлината“; „Спиро Црне“; „Летот на пчела околу една калинка, неколку секунди пред будење“; „Троил и Кресида“; „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“; „Амадеус“; „Злосторство и казна“; „Пречистување“; „Време за сонување“; „Казабалкан“; „Будење на пролетта“; „Пер Гинт“; „Собрани дела на Вилијам Шекспир“; „Папокот на светот“…