Бројни реакции на социјалните мрежи откако вчера во Собранието по повеќе од дваесет часа расправа не се досене Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.
Граѓаните ги поддржуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не дозволија да се изгласа ова законско решение со кое се предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.
Во текот на расправата која траше и изминатата ноќ, пратениците од опозицијата со говори, реплики и контрареплики го спречија донесувањето на овој закон. Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.
Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите.