На четвртата средба на политичките лидери на четрите најголеми партии ќе присуствува и комесарот за соседска политика, Јоханес Хан кој во вторник ќе допатаува во Скопје.
Четворицата лидери, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, ќе се сретнат утре, но на лидерската средба нема да присуствуваат тројцата европратеници, Вајгл, Кукан и Ховит, кои беа дел од преговорите во Стразбур.
– Комесарот доаѓа со цел пред политичките партии ќе ги потенцира итната потреба за изнаоѓање на решение на кризата што и потребата на осврнување на предизвиците за земјата – вели Маја Коцијанчиќ, порпаролката на Комесарот за проширување и соседство.
Овој пат средбата ќе се одржи во резиденцијата на амбасадорот Орав.
На досегашните одржани три средби лидерите не успеаја да постигнат никаков договор ниту за рамката, ниту за формата на преговорите. Засега сите страни остануваат на своите ставови.
Лидерот на опозицијата бара преодна Влада, и оставки на премиерот и сите лица што се спомнуваат во така наречените бомби.