Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана, министерството ја информира јавноста дека е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.
Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот.