Деновиве јавноста е разбранувана со случувањата во рудникот „Иловица“ и концесиите на „Еуромакс ресорсис“, поради Одлуката на Владата за спојување на двете концесии во Иловица, се вели во Фејсбук статусот на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е класично непочитување на законите во Република Македонија бидејќи Владата како концедент носи одлука за спојување на непостоечки концесии! Имено, едната концесија на „Еуромакс“ не е одземена иако не е испочитуван рокот за отпочнување со работа. Наместо тоа, со Одлука на Влада објавена во Службен весник од 4.7.20223 се врши спојување на двете концесии. Дали мотивот за вакво беззаконие се крие во апетитите на ДУИ за грабеж на природните богатства преку фирмата Еколог, која сега ќе стане нов концесионер во „Иловица“?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ:
Прашуваме:
Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на Еуромакс?
Зошто наместо тоа, Владата донесе одлука за спојување на двете концесии во една од кои едната од нив е неважечка?
Апелираме до истражните органи дека е потребно сериозно да се позанимаваат со ваквиот грабеж на природните богатства на Република Македонија!