
„Комисијата за образование и наука заедно со Општинските Комитети функционира како една целина, затоа што ние сите како партија сме целина.
Во рамките на теренски активности и средби со локалните комисии за образование претставници на централната комисија беа во посета на ОК Карпош разговарајќи со членовите на локалната комисија за образование и наука.
Заклучокот е дека образованието се наоѓа во катастрофална состојба, незадоволни наставници и ученици, опаднат квалитет на наставата, Законот за основно образование не се спроведува, нема осовремување на наставата, високото образование не е на рангот на европското образование како и многу други проблеми.
Затоа проблемите мора да завршат, а доаѓа обновата со предлози и проекти вклучени во подготвувањето на победничката изборна програма ,,Обнова на Македонија” #ОбноваНаМакедонија“ напишаа од комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ на својата фејсбук страница.