Нема отчет за сработеното на партиската трибија на СДС во Битола, а Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак 7 години фаќа прашина, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Неработењето и немањето чувство за отчетност за сработеното е основна карактеристика на владеењето на СДС, а тоа се потврди и со партиската трибина на СДС за здравство во Битола. Зема отчет затоа што Државниот завод за ревизија констатираше низа нерегуларности, а Венко Филипче без одговори за беззаконието и анархијата кои се случувале во Клиничката болница Битола и во негов мандат, а чиј статус денес е доведен под знак прашалник, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
-️Кога веќе без срам се појавувате на партиска трибина во Битола без да дадете отчет пред битолчани зошто со прст не сте мрднале за битолското здравство, прашуваме:
1.Зошто акцелераторот кој се користи за пациенти со канцер дозволивте 7 години да фаќа прашина во Болницата во Битола и истиот не е внесен во сметководствената евиденција?
2.Зошто пред битолчани не одговоривте дека за овие тешко болни пациенти не направивте ништо за децентрализирање на здравствените услуги за онколошките пациенти?
3.За какво здравје зборувате кога болницата ја уназадивте, а цели оддели се затвораат како резултат токму на негрижата на учесниците на партиската трибина?
4.Што досега преземавте за незаконските исплати на немедицинскиот кадар
во износ од 919 илјади денари?
5.Кој ќе сноси одговорност за фактот дека 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство за воведување на истите?
6.Што досега е преземено за невоспоставените контроли на бројот на реализирани часови? Или поради ова 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари
7.Кои се корективните мерки што Болницата ги презема по однос на забелешките дека по основ на користење приватни услуги, уплатени се за 2 милиони денари помалку, односно за 63% пресметани по овој основ, истакнуваат од Комисијата.
Нема одговори на партиската трибина на СДС во Битола ниту зошто битолчани не можат да дојдат до здравствена услуга односно само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги генерирани во Мој термин. Јасно е дека нема отчет кога нема работа па поради неработата денес гледаме уназадување на работата на Клиничката болница во Битола за што директна одговорност имаат истите ликови кои без срам организираат трибина, но имале можност, а не ги решавале проблемите со кои се соочуваат пациентите од овој регион, додаваат од таму.