Меџити, министерот за лажни вести кој многу лесно се расфрла со празни и нереални фрази како тоа дека ја иницирал „најголемата набавка за амбулантни возила во историјата на Македонија”. Го потсетуваме Меџити дека тоа можеби е најголема набавка, но за Владата на СДС и ДУИ кој се познати по негрижа и урнисување на јавното здравство, а во чиј пропаст и неработа и тој соучествува, порачуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение соопштението на Комисијата:
Токму на веб сајтот на Владата лесно проверливо е дека во 2012 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е реализирана најголемата набавка на амбуланти возила vlada.mk/node/4866
Добро е јавноста да ја потсетиме дека уште во 2020 година, Филипче даде лажно ветување дека само што не стигнале нови 70 возила за итна помош
Го потсетуваме Меџити дека во 2012 година истовремено со набавката на 70 амбулантски возила беа вработени и 80 доктори за зајакнување на кадарот.
За споредба, прашуваме
1. Што Меџити направи за зајакнување на кадарот во итна помош?
2. Зошто нема доволен број тимови за итна помош?
3. Зошто надвор од функција се поголем број од пунтковите за ИМП?
4. Колку специјализации по ургентна медицина на докторите вработени во службата за ИМП?