Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто доцнат платите на вработените во Здравствен дом Скопје

Зошто доцнат платите на вработените во Здравствен дом Скопје, односно до денес не им беа доставени договорите за плата од месец Март 2023?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„👉Организацискиот директор на ЗД Скопје, Вулнет Селими назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашува и казнува вработените од одредени поликлиники треба да се запраша зошто во време на финансиска криза и инфлација,дополнително ги деградира и демотивира здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат?

❓️Прашуваме кој го контролира и кој ќе го санкционира неговото ненавремено извршување на работни обврски?

❌️Ниските примања ,лошите услови за работа и мобингот се главни причини за одлевање на стручниот медицински кадар а токму ова е резултат на лошата кадрова политика на ресорот предводен од Меџити кој додека ја замајува јавноста дека ќе ги разрешува економските директори, а во меѓувреме назначува партиски кадри во клучни установи за кои јавноста нема ниту основна информација кои се тие лица.

#КолективнаОдговорност“, велат од комисијата.