Комисијата одреди виртуелна дебата меѓу Трамп и Бајден, Трамп одбива да учествува

Комисијата за организација на американските претседателски дебати (CPD) објави дека следната телевизиско соочување меѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден на 15-ти октомври ќе биде виртуелна поради заразата на републиканскиот претседател кој веќе објави дека не сака да учествува во тоа.

Од CPD овајвија дека дебатата ќе биде одржана во формат на дискусија со граѓаните, како што и претходно било планирано, но дека двајцата кандидидати во неа ќе се вклучат виртуелно од оддалачени локации, додека гласачите и модераторот ќе им поставуваат прашања од предвидениот простор во Мајами.

Информацијата дојде откако Трамп најави дека физички ќе учествува во дебатата, а неговите противници го критикуваат дека дотогаш уште може да биде заразен. Кога му беше соопштена одлуката на CPD во четвртокто, веднаш ја отфрли.

„Нема да губам време на виртуелни дебати. Мислам дека воопшто не сум заразен“, изјави Трамп за Fox Business Network.

Тамп пред една седмица беше заразен со коронавирусот и по три дена откако беше третиран во болница се врати во Белата куќа, а според зравствените насоки до дебатата би требало да биде во изолација.