![Ministerstvo-za-zdravstvo1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/Ministerstvo-za-zdravstvo1.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Комисијата за заразни болести денеска заседава за состојбата со ковид во земјава, особено зашто е регистриран првиот случај на омикрон варијантата кај патник кој се вратил од Велика Британија.
Пациентот според првичните информации се лекува дома и е со лесна клиничка слика. По состанокот на Комисијата, најавена е изјава на министерот за здравство Венко Филипче.
И покрај тоа што во земјава пристигна омикрон и наближуваат празниците со зголемен ризик од патувања, нови мерки не се најавени освен постоечките, да се носи маска, да се одржува дистанца и да се приложува вакцинален сертификат.