Комисија на ОН ја блокираше руската нацрт резолуција за зачувување на договорот за проeктилите

Комисијата на Генералното собрание на Обединетите нации задолжена за разоружувањето го одби ноќта кон саботата во Њујорк барањето на Русија да се расправа за нацрт резолуцијата со којашто се сака да се зачува договорот за нукеларното оружје со среден достерел или Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) од кој САД најавија дека се повлекуваат.

Во текот на гласањето 55 земји одбиле да ја стават оваа дискусија во агендата, 31 држава била „за“, а 54 земји биле воздржани. Некои земји кои го одбиле руското барање, сметале дека INF во прв ред е во надлежноста на Советот за безбедност при Обединетите нации. Резолуцвиите на Советот за безбедност се обврзувачки, за разлика од документите коишто ги носи Генералното собрание.

Русија во расправата истакна, според руските дипломатски извори, дека си го задржува правото да поднесување на нацрт резолуција во Советот за безбедност во ОН. Меѓутоа, САД има право на вето во ова тело. Москва може да предложи и директно гласање за резолуцијата на Генералното собрание на ОН кое брои 193 земји, а да претходно не мора да ја прифати комисијата за разоружување. Рускиот амбасадотр во ОН, Василиј Небензја, претходно во четвртокот изјави за AFP дека очекува гласање на Генералното собнрание „што е поскоро можно“.

„Меѓународната заедница мора да реагира на ваквата ситуација која може да има апокалиптични последици“, поради американското повлекување, изјави руски дипломат на дискусијата во комисијата. Предупреди дека се чини оти САД се подготвуваат за војна.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во саботата на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

Во рускиот нацрт на резолуција, како што пренесуваат руските медиуми, „се повикуваат Русија и САД да ги продолжат консултациите за исполнувањето на своите обврски кои произлегуваат од договорот“. Покрај тоа, се бара обновување на „конструктивниот дијалог за стратешките прашања кои ќе се темелат на принципите на отвореноста ио меѓусебното почитување“. Во текстот воедно се изразува надеж „дека овој дијалог ќе придонесе за идниот напредок во намалувањето на нуклеарното оружје и јакнењето на меѓународната безбедност и стабилност“.

Рускиот претседател Владимир Путин оцени ви средата дека американската одлука за повлекување од договорот за нулеарното оружје ќе поттикне нова „трка во вооружувањето“ и ќе создаде „извонредно опасна“ ситуација во светот. Тој со американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне на 11-ти ноември во Париз.