Никола Груевски ја напуштил сопругата и децата, оставајќи ги зад себе во земјава. Оваа информација се потврдува со одговорот кој го добивме од Комисијата за хартии од вредност, каде е вработена неговата сопруга, Боркица Груевска. објави 1ТВ.
Госпоѓа Боркица Груевска во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е вработена од септември, 2002 година и секојдневно и посветено ги извршува работните задачи на работното место Координатор на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка“ – велат оттаму за 1ТВ.
Дополнително од комисијата ни посочија да го почитуваме нејзиното право на приватност, како и правото на приватноста на нивните деца, што е сосема разумно барање. Сепак нашето прашање е прашање од јавен интерес, бидејќи јавноста бараше одговори каде е сопругата на сега веќе пребеганиот екс- премиер.
Првата дама која беше секогаш во втор план – за неа јавноста знае многу малку детали. Таа, по некоја случајност, избегна да биде во центарот на вниманието, дури и во пикот на кариерата на нејзиниот сопруг со кој има две ќерки.
Помеѓу блиските пријатели важи за многу скромна дама. Дипломирала на Правниот факултет, а пред три години медиумите пишуваа дека магистрирала на Филозофскиот факултет. Таа работела во Комисијата за хартии од вредност уште пред да стапи во брак со Груевски, од 2002 година.
Никола и Боркица судбоносното „ДА“ го изговорија на 10 мај 2007 година. Меѓутоа гласините дека нивниот брак подолго време е во криза ги потпали и фактот штш таа не го придружуваше летово коа тој го бранеше докторатот. На Економскиот факултет во Скопје, Груевски тогаш пристигна во друштво на двете ќерки и мајка му Надежда.