Постапката за аквизиција на Линкс Ресурсис Лимитед (Lynx Resources Limited), досегашниот сопственик на рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица од страна на Централ Азија Металс (Central Asia Metals PLC) е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана во понеделник, 6-ти ноември 2017.
Претходно, Централ Азија Металс доби одобрение за завршување на постапката од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија.
Централ Азија Металс е компанија со големо оперативно искуство, со седиште во Лондон, Велика Британија, која котира на Лондонската берза. Компанијата поседува 100% од операцијата за бакар Коунрад и 80% од концесијата за истражување на бакар во Шаук, и двата во Казахстан.