Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификува протоколот за прием на Македонија во НАТО

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификува Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

Веста за ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбук ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.