Комитетот за разузнавање ги побара од Белата куќа записите од разговори меѓу Трамп и Коми

Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом на САД, кој е задолжена за истрага во врска со анводната руската вмешаност во американските претседателски избори во ноември 2016 година, соопшти дека испратила писмо до поранешниот директор на Федерлното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, со кое ги побарале сите документи поврзани со разговори со претседателот Доналд Трамп.

Републиканскиот конгресмен Мајк Конвеј и неговиот демократски колега Адам Шиф, исто така, истакнаа дека му пишале на правниот советник на Белата куќа, Дон Макган, и го прашале дали постојат записи за разговорите меѓу Коми и Трамп. Доколку постојат, конгресмените побрале копија од материјалите да и биде доставена на Комисијата до 23 јуни.

Трамп демантираше дека барал од Коми да ја прекине истрагата против поранешниот претседателски советник за национална безбедност Мајкл Флин, нагласувајќи дека е „стопроцентно“ подготвен да ја каже под заклетва својата верзија за разговорите со Коми.

Поранешниот шеф на FBI го обвини американскиот претседател дека го сменил од функцијата за да ја спречи истрагата за анводната руската вмешаност во изборите во САД минатата година, а потоа излажал околу причините за отказот.

Трамп одби да потврди дали постојат записи од негови разговори со Коми, но истакна дека наскоро ќе има што да каже по тоа прашање, додавајќи дека новинарите ќе бидат разочарани од одговорот.