Комити: Клеветите се кривично дело

Најверните фанови на ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар, популарните “Комити”, експресно, со официјално соопштение одговорија на соопштението кое беше пласирано во јавноста од страна на раководните лица на најпознатиот спортски бренд во Македонија и во кое беа наведени причините за несогласувањата со навивачката група кои настанаа пред првиот 1/8 финален натпревар од ЛШ во ракомет, помеѓу екипите на РК Вардар и Хамбург.

Соопштението на „Комитите“ e пренесено во целост:

Изреволтирани од невистините објавени на сајтот на РК Вардар приморани сме да продолжиме со оваа според нас непрофесионална и примитивна комункација и препукување..

Имено управата на Вардар на својот веб сајт објави соопштение. Како што јасно се гледа РK Вардар повторно импровизорно се повикува на членовите од законите кои лажно ги толкува и претставува, но со цел да се разјасни кој клевети и лаже иако не го признаваме донесениот закон истиот ќе го протолкуваме како асистенција на советниците на нашата управа…

1. РK Вардар вели: “Натпреварот РК Вардар – ХСВ Хамбург во Арената СЦБТ, беше натпревар од висок ризик за што проценка официјално врши Министерството за внатрешни работи (СВР Скопје).”

ЗАКОНОТ ВЕЛИ: Член 6

Со цел за превентивно дејствување и намалување на ризикот од појавување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, организаторот е должен да:

– утврди кои спортски натпревари се сметаат за натпревари со зголемен ризик и кои мерки е должен да ги преземе согласно со членовите 4, 8 и 10 од овој закон;

Во законот јасно стои дека РK Вардар (организаторот) пропишува кој натпревар е од висок ризик!

2. РK Вардар вели: “Влезниците со тираж од 700 гратис билети кои се 0 денари, никогаш не може да бидат препродавани на начин како што беше тоа реализирано минатиов викенд”

Комити демантираат: Сите карти кои беа дадени од страна на управата се се уште кај нас и сме спремни пред цела јавност заедно со претставници од управата истите да ги преброиме и да утврдиме кој клевети, како доказен материјал ја прикажуваме и оваа слика.

Воедно ја потсетуваме управата дека клеветата според законот на РM е КРИВИЧНО ДЕЛО, а исто така и непријавувањето на кривично дело се каrактеризира како потпомагање, со тоа ги запрашуваме истите доколку увиделе нелегално препродавање на карти зашто истото не го пријавиле до надлежните?

3. РK Вардар наведува неколку потточки каде набројува глоби кои се платени на име штета од навивачите..

Комити бараат од РK Вардар јавно да прикаже Трезорска уплатница со заверен печат од Банка со која ќе докаже дека истите средства се уплатени, според наши извори а и според полициски билтен за дел од овие дејствија нема никаква казна ниту пак е платена глоба. РK Вардар ве очекуваме..

4. РK Вардар вели “4.На вториот натпревар од дуелот со РК Металург, фрлање на стол внатре во теренот и метални парички, како и повторно пеење на националистички песни”

ЗАКОНОТ вели: Член 7

Организаторот на спортскиот натпревар е должен да обезбеди доволен број редари заради: оневозможување на внесување предмети во спортскиот објект кои можат да се

фрлаат, односно можат да се употребат за насилно однесување во спортскиот терен или гледалиштето..

Заклучок: Очигледно РK Вардар не го почитувал законот и не најмил доволен број на редари со што секој гледач би бил детално прегледан. Комити не прифаќаат вина и колективна одговорност за однесување на индивидуалци предизвикано поради пропуст на редарите и управата.

5. Член 10

За спортските натпревари со зголемен ризик организаторот на спортскиот натпревар, покрај обврските од членот 7 на овој закон е должен да:

– оствари соработка со преставниците на клубовите на навивачите заради давање помош при одржувањето на редот на спортскиот натпревар;

РK Вардар не го почитуваше законот и не оствари никаква соработка со навивачите пред овој натпревар!

6. Дали управата на Рк Вардар ги дискриминираше Комитите со тоа што селективно само од нас беше побарано да приложиме лични карти, а истото е базирано на писмени изјави на останати гледачи кои купиле карти и влегле во сала без никаква контрола? Дали управата е свесна дека малолетни лица не поседуваат лична карта и со тоа им забранува влез на јавен настан?

Дали РK Металург кој настапуваше во исто натпреварување како и РK Вардар бараше лични карти од своите навивачи и гледачи? Дали ФK Вардар ги извести делегатите на натпреварот дека и покрај забраната за патување на гостински навивачи на натпреварот Вардар–Шкендија беа скандирани националистички песни од гостински навивачи во кои беше омаловажена македонската нација и држава? Зашто ФК Вардар не превзема мерки за отстранување на истите од нашиот домашен терен во неделата? Дали на другите терени во Македонија беа барани лични карти?

За крај, искрено сме изненадени покрај тоа што бевме оштетени со најголемата казна за еден навивач односно недозволувањето да го пратиме својот тим, додатно и бевме медиумски нападнати од управата поради нашата одлука. Ја повикуваме управата посериозно да се заангажира во реални работи кои носат продуктивност, бидејќи нивната успешност се цени по нивните резултати (мизерни досега) отколку да го губи драгоценото време со интернет препукување со оние кои се со клубот долги години.

Инвеститорите се менливи, Комити и Вардар се вечни…!!