
Навивачите на Вардар на вечерашниот меч против Фенербахче кој „црвено-црните“ го добија со 2:0, испратија порака од трибините на националната Арена „Филип Втори“.
Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка. И јас, без ни најмалку да те навредувам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе што си ме родила, гласеше пораката цитат на навивачите на Вардар.