Над 300 Комити беа голема поддршка за фудбалерите на Вардар кога македонскиот клуб славеше победа на гостувањето во Истанбул.
По натпреварот во подтрибинскиот простор, навивачите на Вардар со песна и оро ја прославија големата победа и пласманот на Вардар во групната фаза на Лига Европа. Погледнете ја песната: „Ја излези Ѓурѓо“ во изведба на „Комитите“:
Фудбалерите на Вардар првпат во македонската историја се пласираа во Лига Европа откако по вторпат го победија турскиот гигант, Фенербахче.
Стрелци за Вардар беа Џигаури и Глигоров откако претходно Фенербахче поведе во 61 минута со голот на Роман Нојштадер.
Победничкото славје на вардарци не застана на тревникот, па во соблекувалната се пееше „ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕЕЕ“.