Комората на извршители одбележува 15-годишен јубилеј

Комората на извршители денеска одбележува 15 години од своето основање.

Основана е на 7 јуни 2006 година на Основачко собрание, на кое се избрани и органите на Комора предвидени со Законот за извршување.

Комората е со својство на правно лице и седиште во Скопје и во неа задолжително се здружуваат извршителите и замениците на извршителите.