Компанијата „Sanofi“ најави донација на хидроксихлорикин за 50 земји

Фармацевтската компанија „Sanofi“ се обврза во петокот да донира 100 милиони дози хидроксихлорикин на 50 земји шрирум ветот за помош во лекувањето на заболувањето Covid-19, а доколку истражувањата потврдат дека е ефикасен и сигурен за коритење, имаат намера да го донираат на сите земји.

Во објавата на „Sanofi“ се наведува дека веќе ги удвоиле капацитетите во осум фабрики шриум светот кои го прозиведуваат хидроксихлорикинот, додавајќи дека до почетокот на летото може четирикратно да го зголемат производството.

Во моментво во повеќе земји се спроведуваат клинички истражувања за ефикасноста и безбедноста на хидроксихлорикин во лекувањето на Covid-19. Хидроксихлорикинот е дериват на амтималарикот хлорокин и главно се користи во лекувањето на ревматскиот артритис и лупусот.

На почетокот од април Европската агенција за лекови (EMA) предупреди дека антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорикин може да се користат во лекувањето на Covid-19 само во клиничктие испитувања и во „итните програми“,.

Иако резултатите од првите истражувања во Франција и Кина ветуваат, ефикасноста на хлорокинот и хидроксихлорикинот „допрва треба да се докаже“ и овие активни супстанции смеат да се применува во лекувањето на Covid-19 само во случај на крајна нужност, истакан европскиот регулатор.

Неколку земји, меѓу кои и САД, веќе го користат во лекувањето на инфицираните со новиот тип коронавирус, иако сѐ уште не научно потврдено дека ја лекува болеста.

И хролоркинот и хидроксихлорикинот може да имаат тешки нуспојави, сообено доколку се земаат во доза поголема од препорачаната или заедно со други лекови.