
Фудбалерот на Белгија, Венсан Компани тврди дека ниту еден од „црвените ѓаволи“ нема кошмари и сите спијат мирно пред четвртфиналниот дуел со Бразил. „Кариоките“ стигна до четвртфиналето со сигурна победа над Мексико, додека Белгија триуфираше по пресвртот и голот во судското продолжение против Јапонија.
Сепак, искусниот Компани тврди дека неговиот тим нема што да се плаши пред дуелот со петкратниот светски шампион.
Кога ги гледаме индивидуално фудбалерите Бразил е најсилниот тим на шампионатот. Тоа е комплимент, кој, сепак, не ги одредува нашите шанси во четвртфиналето. Никој од нас нема бесани ноќи со идејата дека веќе сме изгубиле од Бразил. Дефанзивно се добри, во нападот не се плашат да одат еден на еден. Меѓутоа, ќе ги гледаме во очи. Нема да го гледаме овој натпревар како двобој на поединци, оти тогаш однапред ќе го загубиме, вели Компани.
Натпреварот Бразил-Белгија е игра во петок во 20 часот.