Компании од Бугарија и Швајцарија ќе купуваат цинк и олово од „Трепча“

Една компанија од Бугарија и една компанија од Швајцарија ќе го купуваат оловниот и цинквиот концентрат од комбинатот „Трепча“.

Предвидено е производство на околу 13 илјади тони концентрат на олово и цинк за една година, кои на Трепча ќе и донесат приход од околу 15 милиони евра.